Tuesday, September 24, 2013

Животот на Крали Марко


Крали Марко бил последниот крал што владеел во големиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани и станал најпознат јунак на епското народно творештво не само на Македонија,туку и пошироко.Кралството на Марко е со седиште во Македонија со Прилеп како главен како главен град и затоа се смета за македонски крал.
Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и сопругата Евросима(Елена).Освен браќата Андреаш,Иваниш и Димитри,Марко имал и сестри:Оливера и Милица,а во усните преданија се спомнуваат и Марија,Угра,Кита,Ѕвезда,Дева,Вида
и Шаина.Имал две сопруги,Елена и Теодора,но не е познато дали имал наследник.
За време на владеењето на татко му,Марко ја имал титулата "млад крал",односно престолонаследник.По смрта на татко му и чичко му тој станал крал.
На 17 мај 1395,во битката кај Ровине,застануваќи од страна на турскиот султан Бајазит I и борејќи се против влашкиот војвода Јован Мирче,кралот Марко загинал.Неговото тело било закопано во близина на Скопје,во манастирот Блачани. Преданието вели дека непосредно пред битката,на деспотот на кумановско-кратовската обаст Константин Дејанов кој исто така се борел на страната на Османлите и загинал во битката, Марко му ги кажал следниве зборови:"Го молам бога да им помогне на Христијаните,а јас прв да загинам во таа борба".

1 comment:

  1. Г-н Бенджамін падышоў і вышэй за свае патрабаванні, каб дапамагчы мне з маёй пазыкай, якую я выкарыстаў, каб пашырыць свой аптэчны бізнес, яны былі дружалюбнымі, прафесійнымі і абсалютнымі каштоўнымі камянямі для працы. Я рэкамендую ўсім, хто шукае крэдыт, звяртацца. Lfdsloans@outlook.com.WhatsApp ... +19893943740.

    ReplyDelete